Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.
Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Цената на испораката на територијата на град Скопје и околината е бесплатна доколку вредоста на порачаниот производ е минимум 1.000,оо денари, додека за останатиот дел од територијата на Р.Македонија варира во зависност од локацијата до која сакате да биде извршена доставата како и од количината на порачката.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 24-48 часа од моментот на потврдена нарачка. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Електронабава дооел Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници.

Испорака вршиме од понеделник до петок, државни празници и неработни денови не вршиме испорака.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку нарачката е направена во  сабота, недела или неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
 
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт(трошоците за транспорт би го сносел незадоволниот купувач).
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Електронабава дооел Скопје не може да превземе никаква одговорност.